десно|мини| Јозеф Пилсудски во мацјејовка на Полските легии. Мацјејовка (полски: Maciejówka; буквално „Мацјејова капа“) ― вид на капа популарна на територија на денешна Полска на крајот на 19 и почетокот на 20 век. Тоа е тркалезна, мека капа направена од ткаенина, со краток стврднат врв, обично од црна или кафена кожа, често украсена со украсно јаже или плетенка. Првично дел од традиционалната народна носија во многу региони на Полска, за време на Првата светска војна станала дел од воената униформа на Пушкарското здружение и Полските легии.
Откако Полска се стекнала со независност во 1918 година, било предложено мацјејовката да стане стандардна капа на полската војска. Сепак, било тврдено дека мацјејовката премногу наликува на германските гарнизонски капи од Првата светска војна и на крајот наместо тоа била усвоена рогативката.
Слични капи
Кашкет, капа со украсен вез од дабови листови, традиционално го носат полските Евреи. Морнарска капа или Ленинка која со години ја носат работниците и селаните во Русија.
Наводи
Цитати
Библиографија
Категорија:Полски земјишни сили Категорија:Капи Категорија:Воени шешири