„Благословете ја жената“ (руски: Благословите женщину) – филм на режисерот Станислав Говорухин од 2003 година. Автор на сценариото, засновано врз романот на Ирина Грекова, е Владимир Валуцки, а главните улоги ги играат: Светлана Ходченкова, Александар Балуев, Ирина Купченко, Ина Чурикова и Олга Берјозкина.Blagoslovite ženu, ruski film (пристапено на 28.12.2022)
Синопсис Филмот зборува за пријателството, загубата, преживувањето, верноста и безусловната љубов со која се благословени само ретките. Дејствието на филмот започнува во едно село на морскиот брег, непосредно пред Втората светска војна. Младата девојка Вера се заљубува во постариот офицер Ларичев кој е дојден во посета на селото. Таа го напушта домот и семејството за да живее со него, по цена на честите преселби по воените бази. Наспроти тешкиот војнички живот и военото време, нејзината љубов кон сопругот воопшто не се намалува...
Наводи Категорија:Руски филмови Категорија:Љубовни филмови Категорија:Филмови од 2003 година Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Русија Категорија:Филмови на Станислав Говорухин Категорија:Филмови со Олга Берјозкина Категорија:Филмови со Ина Чурикова Категорија:Филмови со Ирина Купченко, Категорија:Филмови со Александар Балуев Категорија:Филмови со Светлана Ходченкова