Рубидиум флуорид (RbF) е флуоридна сол на рубидиум. Тој е кубичен кристал со структура на камена сол.

Постојат неколку методи за синтеза на рубидиум флуоруд. Една од методите вклучува реакција на рубидиум хидроксид со флуороводородна киселина:

RbOH + HF → RbF + H2O

Друг метод е неутрализација на rрубидиум карбонат со флуороводородна киселина:

Rb2CO3 + 2HF → 2RbF + H2O + CO2

Друг возможен метод е реакција на рубидиум хидроксид со амониум флуорид:

RbOH + NH4F → RbF + H2O + NH3

Најмалку користениот метод поради трошењето на рубидниот метал е директна реакција со гас на флуор, бидејќи рубидиумот бурно реагира со халогени:

2Rb + F2 → 2RbF

Наводи

Категорија:Соединенија на рубидиумот Категорија:Флуориди Категорија:Неоргански соединенија