мини|Зафир Премчевиќ Зафир Премчев (Премчевиќ) бил српски четник, и деец на српската пропаганда во Македонија.
Животопис Зафир Премчев бил роден во селото Лупште во 1872 година. Како млад заминал на печалба во Букурешт. Во 1900 година се враќа во поречието и заедно со Христо Цветков Сушички создаваат чета. Учествува во Илинденското востание во 1903 година во кичевско.
Во 1904 година преминува на српска страна, и организира српска чета во поречјето. Главен командант бил Мицко Крстев, а негов заменик Зафир Премчев. Со својата чета се судира со качаците и ВМОРО. Починал во 1937 година.
Извори Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Починати во 1937 година Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Србомани Категорија:Учесници во Илинденското востание