Бариум бромид — хемиско соединение со хемиска формула BaBr2. тоа е јонско соединение по природа.

Структура и својства BaBr2 кристализира во lead chloride (котунит) мотив, кое дава бели орторомбични кристали кои се деликвесцентни.

Во воден раствор BaBr2 се однесува како едноставна сол.

Растворите на бариум бромид реагираат со сулфатните соли за да се добие цврст талог од бариум сулфат. BaBr2 + → BaSO4 + 2 Br− Слични реакции се случуваат со оксална киселина, флуороводородна киселина и фосфорна киселина, давајќи цврсти талози на бариум оксалат, флуорид и фосфат, соодветно.

Подготовка Бариум бромид може да се подготви со третирање на бариум сулфид или бариум карбонат со бромоводородна киселина: BaS + 2 HBr → BaBr2 + H2S BaCO3 + 2 HBr → BaBr2 + CO2 + H2O Бариум бромид се кристализира од концентриран воден раствор во неговиот дихидрат, BaBr2·2H2O. Со загревање на овој дихидрат на 120 °C се добива безводна сол.

Употреба Бариум бромидот е претходник на хемикалиите што се користат во фотографијата и на други бромиди. Историски гледано, бариум бромидот се користел за прочистување на радиумот во процес на фракционална кристализација, осмислен од Марија Кири. Бидејќи радиумот преципитира преференцијално во раствор од бариум бромид, односот на радиум и бариум во талогот би бил поголем од односот во растворот.

Безбедност BБариум бромид, заедно со други соли на бариум растворливи во вода (на пример, бариум хлорид), е токсичен. Сепак, нема достапни убедливи податоци за неговите опасности.https://www.sigmaaldrich.com/MSDS/MSDS/DisplayMSDSPage.do?country=US&language=en&productNumber=413607&brand=ALDRICH |

Во популарната култура Соединението се појавува во воведната насловна страна на Breaking Bad, каде што насловот е заменет со „Br“ и „Ba“, симболите на бром и бариум, соодветно.

Наводи

Категорија:Бромиди Категорија:Соединенија на бариумот