Кула () — доцноантичка и средновековна тврдина над градот Лерин, Егејска Македонија.

Тврдината се наоѓа на ридот Свети Пантелејмон јужно од градот, на висорамнина која доминира над Леринското Поле. На висорамнината има параклис „Св. Пантелејмон“, изграден во XX век. Ова подрачје е оградено со ѕидини од чакал и малтер, зачувани до висина од 1 м. Ѕидините и откриената керамика укажуваат на тоа дека тврдината датира од доцната антика и средновековието. Тврдината е истражувана од истакнатите археолози Николаос Пападакис и Антониос Керамопулос.

Кула е прогласена за историски споменик во 1995 г.

Поврзано Голема кула — поранешна османлиска кула во градот Мала кула — одбренбена кула од XIX век, денес во срушена состојба, но прогласена за споменик на културата

Наводи

Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Лерин