„Тогаш така реков“ — претствува збирка на интервјуа на македонскиот писател Петре М. Андреевски, издадени во 2007 година. Интервјуата направени со Петре М. Андреевски се од периодот 1977 до 2001 година за различни списанија и весници и се собрани во збирката интервјуа „Тогаш така реков“. Главен и одговорен уредник е Снежана Штрковска, а претставува издание на издавачката куќа „Штрк“- Скопје. Издадени се во 2007 година, една година по смртта на Петре М. Андреевски, а претставува избор направен лично од Петре М. Андреевски со неговите дадени интервјуа.
Содржина Првото интервју застапено во книгата го има направено Веле Смилевски за весникот „Нова Македонија“ во септември 1977 година, насловено „Во допир со духовните наслаги со народот“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.5-9. Второто интервју е насловено „Роман за колективното страдање и опстојување“, дадено за „Нова Македонија“ во јануари 1981 на Глигор Стојковски, а говори за својот роман „Пиреј“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.10-14. „Јазикот не е хендикеп“, интервју на Ефтим Тасковски за „Вечер“, во јуни 1981 година, каде зборува повторно за „Пиреј“ по добиената награда „Стале Попов“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.15-19. „Поблизу до сопствената далечина“ е интервју дадено во мај 1984 за „Нова Македонија“, на Бранко Цветковски, а по повод петтомното издание на Одбраните дела на авторот. Во него тој дава осврт за новиот роман „Скакулци“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.20-26. „Слободата бара покритие во нас самите“- -петто интервју дадено за „Лик“ на Бранко Цветковски во 1987 година по повод издавањето на новата книга поезија „Вечна куќа“- книга со тажаленки. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.27-38. „Дежурен Јуда“- интервју дадено за „Пулс“ на Мирче Томовски во октомври 1993 каде говори за синдромот на самоуништувањето.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.39-53. „Зборот со долго сеќавање“- интервју од 1994 за „Нова Македонија“, разговарано со Гоце Ристовски по повод добиеното „Рациново признание“ за збирката раскази „Сите лица на смртта“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.54-61. „Без мртвите не би го знаеле минатото“- интервју за книгата „ Сите лица на смртта“, дадено за „Вечер“ на Румена равановска -Тулбевска во март 1995. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.62-69. „Толерантен Балкан- за сега утопија“- за „Старт“ говорено со Виктор Шишков во јули 1999 година, за визијата за Балканот. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.70-77. „Проститутки во литературата“- за „Експрес“ во септември 1999 разговарано со Бранка Доневска за „Лакримариј (поезија)“ -шише во кое европските дворјанки собирале детски солзи за разубавување на лицето, а нашите мајки ги собирале своите солзи за да имаат што да однесат на гробишта. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.78-82. „Никогаш не сме пекале по некого туку од некого“- разговарано со Глигор Стојковски за „Нова Македонија“ во ноември 1999, за актуелната политичка состојба.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.83-89. „Убава торта, но со расипани јајца“- разговарано со Лејла Сабит за „Вечер“ во 2000 година за аферата за „Балканика“ во врска со романот „Последните селани“ и иднината на Независните писатели.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.90-97. „народ сме кој долго памети и го паметат“- разговарано со Тодор Чаловски, за „Стожер“, во октомври 2000, каде се осврнува на своето целокупно дело. Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.98-116. „Не ја менувам татковината и кога ја гледам како скинат чорап“- разговарано за „Денес“ со Весна Стефановска, во февруари 2001, по повод приемот за редовен член на МАНУ.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.117-124. „Заборавив од каде тргнавме, но знам дека никаде не стигнавме“- разговарано со Виктор Шишков за „Зум“ во април 2001, за политичката состојба во Македонија, на Балканот и Европа.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.125-143. „Ни се заканува потежок пораз од битката на Беласица“- разговарано со Милован Стефановски, за „Интервју“, во септември 2001, за актуелните состојби од тоа време, особено за кроењето на „гаѓи“од страна на „олеснувачи“.Петре М. Андреевски,Тогаш така реков, Скопје:Штрк,2007стр.132-144.
Наводи
Поврзано Петре М. Андреевски
Категорија:Македонски весници и списанија Категорија:Интервјуа Категорија:Дела на Петре М. Андреевски Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија