Вардарски светилник () — светилник во речната делта на Вардар на западниот брег на Солунскиот Залив. Се наоѓа јужно од селата Кулакија и Јунчии во општината Делта, Солунско.

Светилникот се наоѓа островчето Кавура (Афродити) во Делтата на Вардар, кое во летната сезона станува полуостров. Изграден е во 1960 г. Кулата е висока 8 м, а жаришната рамнина е на висина од 9 м. Трепка двапати на секои 12 секунди бело, црвено или зелено, во зависност од правецот од кој се гледа. Бидејќи подрачјето често е магливо, има и радиофар.

Вадарскиот светилник ја бележи најтесната точка на Солунскиот Залив меѓу ’ртовите Вардар и Голем Карабурун. Сè до почетокот на 1990-тите во светилникот живееле светилничари со нивните семејства, бидејќи дотогашната технологија барала човечко присуство. Потоа светилникот е автоматизиран, па затоа редовнотоп присуство на светилничар станало излишно. Поради тоа, патот до него престанал да се одржува и денес се пристапува само со пловило.

Во заливот има уште два светилника — Солунскиот највнатре и Карабурунскиот на источниот брег.

Наводи

Категорија:Светилници во Егејска Македонија Категорија:Делта (општина) Категорија:Појавено во 1960 година