Архимандрит Нектариј (Мендо Најдоски) (, ) — архијереј на Македонската православна црква, игумен на манастирот „Свети Наум“.
Животопис Архимандритот Нектариј е роден во село Селце, Прилепско во 1960 година. Крстеното име му било Мендо Најдоски. Завршил Богословија и Богословски факултет во Скопје.
Бил замонашен на 16 декември 1982 година во манастирот „Св. Илија“ – Чардак, а од 1981 до 1985 година престојувал и во манастирот „Св. Петка“ во Цапари. Од 1985 до 1987 година бил главен воспитувач во Македонската православна богословија во Драчево и професор од 1987 до 1990 година. Во 1990 година станал првиот монах во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид и негов прв игумен. Во 1993 станал архијереј на МПЦ нехиротонисан (според негова волја).
Значајни се неговите преводи на богослужби од црковнословенски јазик.
Награди 2015 - Орден „Свети Наум Охридски“ 2022 - општинска награда на Охрид – патрон на градот „Свети Климент Охридски“
Наводи
Категорија:Игумени на манастирот „Свети Наум“ Категорија:Добитници на орденот „Свети Наум Охридски“ Категорија:Добитници на награта „Свети Климент Охридски“ на градот Охрид