Галачишка кула () — средновековна одбранбена кула на Халкидичкиот Полуостров, во центарот на гратчето Галачишта, Касандриско, Егејска Македонија. Кулата е изградена в XIII – XIV век во венецијански стил.
Кулата во Галачишта личи на Врастенската кула, Светивасилската, Милутиновата во светогорскиот манастир „Хиландар“, Пиргудиската во метохот Пиргудија и на Хрељовата во Рилскиот манастир. Имала улога на утврдена стражарска кула, а можеби и како затвор. Испраќала пораки на полските села со светлосни сигнали на ридовите (тумбите) околу нив.
Кулата е моќна правоаголна градба изградена на рид. Изработена е од камен наречен „курана“. Од секоја страна има долг тесен процеп и мали прозорци. Внатре има дрвени скали кои водат до мали одаи со прозорци.Αγροτουριστικό Δίκτυο Argo Net: www.agro-tour.net. O Πύργος της Γαλάτισταςww.galatista.gr. Ο βυζαντινός πύργος
Според едни извори, кулата ја изградиле самите Венецијанците, а според други, таа е од времето на династијата Палеолози. Во 1981 г. е прогласена за заштитен споменик на културата.
Поврзано Антемунт
Наводи
Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Полигеро (општина) Категорија:Галачишта