Мала кула () — одбранбено-станбена кула во градот Лерин, Егејска Македонија.
Местоположба Кулата се наоѓа во центарот на градот, на улица „Тагматархис Фуледакис“, во дворот на Третата гимназија.
Историја Кулата е изградена во XIX век. Во 1985 г. е прогласена за споменик на културата.
Арпитектура Кулата е од одбранбен тип, типична за многу краишта на Балканот во XVIII - XIX век. Вакви кули граделе богати жители, обично со квадратен план и во допир со главната куќа. Во архитектонски поглед Малата кула е квадратна и завршувала со купола. Денес опстојува само долниот дел, на висина од 4,75 м и надворешни димензии од 6,80 × 6,82 м. Ѕидовите се дебели од 0,98 до 1,04 м, а внатре има скриени хоризонтални рамки од дрвен материјал на секои 3 метри. Влезот има дрвена хоризонтална носечка греда и полукружен свод од тули. Одвнатре сводот е остар. Куполата е изградена од тули и покриена со турски ќерамиди. Нагоре водат камени скалила, а покривот е од камени плочи.
Поврзано Голема кула (Лерин)
Наводи
Категорија:Згради и градби во Лерин Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Лерин