Наум Торбов (, - , ) — османлиско-бугарски архитект од влашка народност, кој ја проектирал зградата на Централните хали во главниот град на Бугарија, Софија.
Животопис лево|мини|Спомен-плоча на Торбов на Влезот во Халите во Софија Наум Торбов бил роден во големото македонско влашко село Гопеш, Битолско, тогаш во Отоманското Царство. Татко му на професорот Цеко Торбов, му бил прв братучед. Неговото семејство се доселило во Бугарија и се населило во градот Орјахово, а Наум бил испратен да студира архитектура во Романија, на Институтот за ликовни уметности во Букурешт. По дипломирањето во 1904 година, Торбов се вратил во Бугарија и започнува да работи во Софија во Министерството за јавни згради, патишта и јавни работи. Во 1906 година, тој бил назначен за раководител на отсекот „Архитектура“ при Општина Софија, а во 1908 година, тој започнал приватна архитектонска пракса.Енциклопедия България, т.7, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“, София, 1996, стр. 37. Бил член на Бугарското инженерско-архитектонско друштво.
Творештво Торбов бил приврзаник на национално-романтичниот тренд во архитектурата. Автор е на над 100 јавни, индустриски и станбени згради во Софија, Орјахово, Силистра, Ботевград, Дупница, Мездра. Меѓу неговите најпознати градби се:
Хотел Континентал Хотел Париз Куќата на Хентови на улица Књаз Борис I бр. 135 во Софија (1906) Градска уметничка галерија Софија (поранешното казино – 1908) Куќата на Станишеви, подоцна Главно муфтиство, на улицата Браќа Миладинови бр. 27 во Софија (1909) Столарска зграда на булеварот Христо Ботев бр. 71 во Софија (1910) Централни софиски хали на булеварот „ Марија Луиза“ во Софија (1911) Зградата на Димитар Костов на улица „Алабин“ бр. 36 во Софија (1914) Романски институт на улицата Егзарх Јосиф во Софија (1933)
Галерија центар|мини|750x750пкс|Централните хали во Софија
Наводи
Надворешни препратки Наум Торбов – скромниот архитектонски герой на Софија , „Пътеводител за историјата и дува на Софија“
Категорија:Луѓе од Гопеш Категорија:Починати во Софија Категорија:Македонски преселници во Орјахово Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски Власи