Жива(II) сулфат, вообичаено наречен жива сулфат, е хемиско соединение со формула HgSO4. Тоа е цврста материја без мирис која формира бели гранули или кристален прав. Во вода се одвојува во нерастворлив сулфат со жолта боја и сулфурна киселина.
Структура лево|мини|Дел од структурата на HgSO4 што ја илустрира искривената тетраедрална геометрија на Hg (темно сини сфери). Анхидридната форма содежив Hg2+во високо искривена тетраедарна HgO4 средина. Двете растојанија на Hg-O се 2,22 А, а другите се 2,28 и 2,42 А. Во монохидратот, Hg2+ усвојува линеарна координативна геометрија со должина на врските Hg-O (сулфат) и Hg-O (вода) од 2,179 и 2,228 Å, соодветно. Забележани се и четири послаби врски со Hg---O растојанија >2,5 Å.
Историја Во 1932 година, јапонската хемиска компанија Chisso Corporation започнала да користи жива сулфат како катализатор за производство на ацеталдехид од ацетилен и вода. Иако во тоа време било непознато, метилживата се формира како несакан производ на оваа реакција. Изложеноста и потрошувачката на отпадните производи од жива, вклучително и метилживата, кои биле фрлени во заливот Минамата од Чисо се верува дека се причина за болеста Минамата во Минамата, Јапонија..Minamata Disease . Boston University. Retrieved 2016-11-10.
Продукција Жива сулфатот може да се произведе со третирање на жива со топла концентрирана сулфурна киселина:
Hg + 2 H2SO4 → HgSO4 + SO2 + 2 H2O
Алтернативно, жолтиот живин оксид реагира и со концентрирана сулфурна киселина.
Употреба
Реагенс на Denigés Киселиот раствор на жива сулфат е познат како Denigés реагенс. Најчесто се користел во текот на 20 век како реагенс за квалитативна анализа. Ако Denigés' реагенсот се додава во раствор кој содржи соединенија кои имаат терцијарни алкохоли, ќе се формира жолт или црвен талог.
Продукција на ацелалдехид Како што беше споменато претходно, Hg S O4 се користи како катализатор за производство на ацеталдехид од ацетилен и вода.
Оксимеркурација-демеркурација на алкени Соединенијата на жива како жива сулфат и жива(II) ацетат најчесто се користат како катализатори во оксимеркурацијата-демеркурација, тип на реакција на електрофилно додавање. Хидратацијата на алкен резултира со алкохол што ја следи региоселективноста што е предвидена со Марковниковото правилото.
Хидратација на алкини Шемата за реакција е дадена подолу. Конверзија на 2,5-диметихексин-2,5-диол во 2,2,5,5-тетраметилт-трахидрофуран користејќи воден жива сулфат без додавање киселина.
центар|600x600пкс| Conversion of 2,5-dimethyhexyn-2,5-diol to 2,2,5,5-tetramethylte-trahydrofuran-3-one
Здравствени проблеми Инхалацијата на HgSO4 може да резултира со акутно труење: предизвикување стегање во градите, отежнато дишење, кашлање и болка. Изложеност на HgSO4 во очите може да предизвикаат улцерации на конјунктивата и рожницата. Ако живата сулфат е изложена на кожата, може да предизвика сензибилизирачки дерматитис. И на крај, ингестијата на жива сулфат ќе предизвика некроза, болка, повраќање и сериозно прочистување. Голтањето може да резултира со смрт во рок од неколку часа поради периферен васкуларен колапс.
Жива сулфатот се користел кон крајот на 19 век за да предизвика повраќање од медицински причини.
Наводи
Надворешни врски
National Pollutant Inventory – Mercury and compounds Fact Sheet NIOSH Pocket Guide to Chemical Hazards
Категорија:Сулфати Категорија:Соединенија на живата