Раиса Василевна Бељаева ( ; 25 декември 1912 – 19 јули 1943 година) била една од првите руски женски борбени пилоти. Таа се борела заедно со Лидија Литвјак и била заслужна за до три воздушни победи. Таа загинала во борба, од непознати причини, во 1943 година.
Ран живот Бељаева учела на технички институт за кожари во Киров. По дипломирањето, таа ја замолила својата стара пријателка Олга Јамшчикова, инструктор по летање во Ленинград, да ја научи да лета. Бељаева наскоро се покажала како ентузијастичка и неуморна. Пред војната, таа собрала повеќе од 1.000 часа лет и сто скокови со падобран, поучувајќи стотици падобранци. Таа, исто така, учествувала на многу воздушни шоуа над аеродромот Тушино, во близина на Москва.
Воена кариера Учествувала во битката за Сталинград и летала како пилот за придружба на Никита Хрушчов.
Белјаеја загинала во несреќа на 19 јули 1943 година.
Наводи
Библиографија
https://
Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Жени Категорија:Жени по националност и занимање Категорија:Жени по земја Категорија:Жени во Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда