Флоренс Комит е американски ендокринолог. Таа помогнала да се развијат нови терапии за остеопороза, ендометриоза, миом на матка и неплодност. Таа добила патент за развој на нов метод за одредување на плодноста кај жените. Во 1990 година, Комајт била наградена со втор патент за употреба на кломифен за зголемување на коскената маса кај жени во предменопауза. Покрај нејзината работа во прецизната медицина и интегрираната медицинска анализа, таа е позната и по основањето на ,,Здравје на жените" во Јеил во 1992 година. Комајт е позната по нејзината работа во клиничкото истражување на хормоните и како основач на Здравјето на жените на Јеил во раните 1990-ти.
Област на студии Комајт е позната по тоа што има интегриран пристап кон испорака на здравствена заштита користејќи прецизна медицина. Таа ги истражувала хормоналните промени и стареењето, а особено прашањата за хипогонадизмот (низок тестостерон) кај мажите и како тоа влијае на појавата на одредени поврзани болести како што се дијабетес тип 2 или срцеви заболувања.
Нејзиното истражување вклучува проучување на системите за испорака и како тие влијаат на здравствените резултати. Тоа бил нејзиниот фокус како виш клинички и истражувачки советник во Канцелариите за алтернативна медицина (ОАМ) во НИХ.
Образование и рана кариера Комајт дипломирала со пофалба на Бруклин колеџот на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил во Њујорк. Таа била вонреден клинички професор на факултетот Јеил 25 години. Таа го основала ,,Здравје на жените" во Јеил во 1988 година. Комајт завршила стипендија за репродуктивна ендокринологија, инкорпорирајќи обука за медицина, педијатрија, гинекологија и андрологија, во Националниот институт за детско здравје и човечки развој во НИХ. На почетокот на 1980 година, таа ја истражувала употребата на хормони кои ослободуваат гонадотропин за лекување на предвремен пубертет.
Комајт истражувала во областа на комплементарна и алтернативна медицина (CAM).
Комајт служела во советодавни совети и комисии со НИХ, египетското Министерство за здравство и во Медицинскиот советодавен одбор за документарен баланс, Медицинската група за управување со возраста, Независните доктори од Њујорк, и Американското здружение за плодност како и Алфа Омега Алфа.
Награди Алан П. Минц , MD награда за клиничка извонредност во медицината за управување со возраста, 2013 година.
Изданија Комајт била објавена во Новоанглиско списание за медицина, и во Журналот за клиничка ендокринологија и метаболизам.
Во јуни 2013 година, Комајт објави дело фокусирано на машката менопауза, со наслов: „Хормонална експресија на недостаток на андрогени кај мажи кои стареат (ADAM)".
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Ендокринологија Категорија:Ендокринолози по националност