Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — селска црква во гостиварското село Беловиште, Македонија.

Во минатото, црквата била дел од поголем манастир, кој бил разрушен од отоманската војска.

Местоположба

Црквата се наоѓа во западниот дел на селото Беловиште, сместена во шума.

Историја

Манастирот посветен на Свети Спас се наоѓал помеѓу лозја и во минатото располагал со ниви кои се протегале кон градот Гостивар. Сепак, отоманската војска го нападнала манастирот од страна на Сува Гора. Игуменот на манастирот ги повикал на помош околните селани, но на неговиот повик не се одѕвале селаните од Горна Бањица, Чајле, Горно Фалише и некои други. Најголема помош пружиле жителите на Врапчиште, но тие не успеале да го одбијат нападот и манастирот бил срушен, а игуменот го фатиле. И по рушењето на манастирот, мештаните на Беловиште продолжиле да се собираат таму за да го одбележат празникот Спасовден.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Беловиште

Наводи

Надворешни врски

Беловиште Категорија:Беловиште (Гостиварско)