Светогорски Залив (; Σιγγιτικός κόλπος) — залив на Егејското Море, сместен крај југоисоточното крајбрежје на Халкидичкиот Полуостров, Егејска Македонија.

Заливот се протега меѓу два крака на полуостровот — Света Гора на североисток и Ситонија на југозапад. Долг е 50 км, широк 27 км (на влезот), а длабок до 500 м. На север, во близината на провлакот кој ја поврзува Света Гора со главнината на Халкидикот се наоѓа островот Амолјани, а на запад крај брегот на Ситонија е островот Дијапорос. Плимата и осеката се полуденоноќни, со висина под 0,5 м. На југозапад, по крајбрежјето на полуостровот Ситонија има десетина одморалишни населби со впечатливи плажи и хотелски комплекси.«Большая Советская Энциклопедия» – Сингитикос, т. 23, стр. 414

Поврзано Струмски Залив — соседниот залив на север

Наводи

Категорија:Заливи во Егејска Македонија Категорија:Заливи во Егејското Море Категорија:Света Гора Категорија:Халкидик