Торински интернационален саем (Esposizione internazionale dell'industria e del lavoro) бил светски саем одржан во Торино во 1911 година.Findling and Pelle, Encyclopedia of World's Fairs and Expositions, 9780786434169 p426 Имал над седум милиони посети, и опфатил 247 хектари. десно|мини| Официјално лого на Експо

Резиме лево|мини|200x200пкс| Парко дел Валентино лево|мини| Павилјон на Отоманското Царство Саемот бил отворен на 29 април, бил одржан само девет години по претходниот саем во Торино кој се фокусирал на декоративната уметност, а во исто време со друг италијански саем во Рим, исто така со фокус на уметноста. Овој саем намерно се истакнал со фокусирање на индустријата и работната сила.

Саемот бил одржан во Парко дел Валентино (како што биле и трите претходни саеми во Торино во 1884, 1885 и 1902 година и последователниот саем во Торино во 1924 година).

Учесници мини| Маса од Виктор Хорта, веројатно дизајнирана за меѓународната изложба во Торино Земјите-учеснички биле Аргентина, Австрија, Белгија, Боливија, Бразил, Бугарија, Чиле, Кина, Колумбија, Данска, Еквадор, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Јапонија, Мексико, Холандија, Никарагва, Перу, Русија, Сијам, Србија, Шпанија, Швајцарија, Турција, Обединетото Кралство, САД и Уругвај.

Национални павилјони Унгарскиот павилјон Арт Нову бил дизајниран од Емил Тори, Морис Погани и Денес Ѓерѓи; бразилскиот павилјон вклучувал слики од Артур Тимотео да Коста; сијамскиот павилјон бил дизајниран од Марио Тамањо и Анибале Риготи и имал повеќебоен покрив со златна купола а отоманскиот павилјон бил дизајниран од Леон Гурекијан.

Надворешни врски Џакомо Домини; Изложби, патенти и иновации на почетокот на дваесеттиот век: докази од меѓународната изложба во Торино 1911 година, Европски преглед на економската историја. Сајт посветен на документирање на изложбата cистематски собира архивски материјали од јавни и приватни архиви и збирки, обезбедувајќи исто така 3D дигитални реконструкции на некои павилјони.

Наводи

Категорија:Италијанска уметност