Белкаменска Река (Менска Река, Елешка Река или Которска Река; , Дросопотамос или Δροσοπηγιώτικο ρέμα, Дросиопигиотико рема) — река во Леринско, Егејска Македонија.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Опис Реката извира од планината Вич северно под врвот Клепелото (1.878 м) под името Сара и тече на североисток низ густа и дива букова шума. Ја прима десната притока Богаз и левата Павлин во котлината на поранешното село Елово (по кое реката е наречена Елешка). Кај старото село на Бел Камен (по кое е наречена Белкаменска) стои камен мост од 1852 г., дело на месни мајстори, како и убава стара воденица која сè уште работи. Минува низ Бел Камен и излегува од планината кај Горно Котори (по кое е наречена Которска), свртува на север, па проаѓа низ Долно Котори и Кучковени. Традиционално се влева во Сакулева Река кај Лажени, но денес реката е зафатена во голем број на мали акумулации.

Притоки → лева притока, ← десна притока ← Богаз → Павлин ← Стара Река

Поврзано Белкаменски мост Стилова воденица Елешки Мост

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Лерин