Аранчини - грицки, јадење кое е направено од оризови топчиња премачкани со презла и пропржени. Аранчините претставуваат типична сицилијанска кујна. Најчести филови се: ал рагу или ал суго, филувани со смеса (месо или мелено месо, полека готвено на ниска температура со доматен сос и зачини), сирење моцарела или качокавало, а често и со грашок и ал буро или о буро, исполнето со шунка и моцарела или со бешамел сос.
Постојат голем број регионални варијанти кои се разликуваат по полнење и по форма. Aранчини ал рагу произведени на истокот на Сицилија имаат конусна форма инспирирана од вулканот Етна.
Етимологија Аранчини е деминутив од Аранција. Името, што е преведено како „мал портокал“, доаѓа од нивната форма и боја, која после готвењето наликува на портокал. На италијански јазик, аранчини е граматички множина (Sicilian: arancine); соодветната еднина е arancino (сицилијански: arancinu или arancina).
Историја десно|мини| Отворено аранчино, кое прикажува фил од ориз и полнење Се вели дека Аранчините потекнуваат од Сицилија во 10 век кога островот бил под арапска власт.
Во градовите Палермо, Сиракуза и Трапани на Сицилија, аранчините се традиционална храна за празникот Санта Лусија на 13 декември кога не се јадат леб и тестенини. Со тоа се означува пристигнувањето на бродот за снабдување со жито на Денот на Санта Лусија 1646 година, ублажувајќи го големиот глад.Giuseppina Siotto, Vegetaliana, note di cucina italiana vegetale: La cucina vegetariana e vegana, 2014, 8868101858, chapter 14
Денес, со се поголемата популарност на оваа брза храна во современата италијанска култура на храна, аранчините може да се најдат во текот на целата година во повеќето продажни места во Сицилија, особено во Палермо, Месина и Катанија. Јадењето традиционално се правело за да биде обезбеден полн оброк за Фридрих II, царот на Светото римско царство, за време на неговите ловечки активности.
Состојки и варијанти лево|мини|225x225пкс| Конусни аранчини сликани во Месина Најчестиот вид аранчини што се продава во сицилијанските кафулиња се аранчини ал рагу, кои обично се состојат од месо во сос од домати, ориз и моцарела или друго сирење. Многу кафулиња нудат arancini al burro (со путер или бешамел сос) или специјалитет аранчини, како што се arancini con funghi (печурки), con fistacchi (ф'стаци) или con melanzane (модар патлиџан).
Во римската кујна, тие се слични, но обично се полнат со сирење (различни начини на подготовка и дистрибуција на филот). Во Неапол, оризовите топчиња се нарекуваат . Во варијанта на рецептот со потекло од италијанската дијаспора од југоисточен Тексас, аранчините се полнети со фил кој е зачинет со чили.
Во популарната култура Во италијанската литература, инспекторот Монталбано, главниот лик на писателот на детективски романи Андреа Камилери, е познат обожавател на Аранчини, особено оние кои ги има подготвено Аделина Циринчио, неговата куќна помошничка. Успехот на серијата книги и телевизиската адаптација придонесоа ова јадење да стане познато надвор од Италија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Рецепт за Аранчино во БиБиСи Фуд Категорија:Сицилија Категорија:Италијанска кујна