Свети Илија — селска црква во Сталевско Маало во гостиварското село Железна Река, Македонија.

Историја

Црквата била подигната по Првата светска војна, на место каде постоел мал храм.

Местоположба

Црквата се наоѓа во Сталевско Маало, на самиот крај од селото Железна Река. Околу црквата се наоѓаат гробиштата на маалото.

Архитектура

Црквата не е фрескоживописана и поседува мал иконостас.

Галерија

Поврзано Гостиварско архијерејско намесништво Гостиварска парохија Железна Река

Наводи

Надворешни врски

Железна Река Категорија:Железна Река