мини|350x350пкс| Ањано тркачката патека и рабовите на кратерот во позадина Ањано е предградие на Неапол, Италија, сместено југозападно од градот во регионот Кампи Флегреј. Било популарено и кај античките Грци и кај Римјаните и било познато по топлите сулфурни извори.

Историја мини|250x250пкс| Грчки/римски термални бањи мини|250x250пкс| Група музи од Ањано, грчки 120-100 п.н.е., по потекло од Делос, во Либиехаус, Франкфурт на Мајна мини| Топол извор (40 степени Целзиусови) Ањанското Езеро се формирало во средниот век во вулкански кратер, но било исушено во 1870 година за да се зголеми обработливото земјиште и за да се намали живеалиштето на маларичниот комарец, кој го носи паразитот маларија. Во кратерот сега е сместен хиподромот.

По Втората светска војна, Ањано бил дом на активноста за поддршка на американската морнарица која се состои од американска поморска болница, административни канцеларии, касарни и две училишта за едукативна дејност на Одделот за одбрана: основно училиште во Неапол и американско средно училиште во Неапол.

Знаменитости Видливи се урнатини на антички термални бањи кои потекнуваат од грчкиот период, иако постоечките градби датираат главно од римскиот период од 1-2 век н.е. Овде се откриени величествени мозаици и скулптури.The National Archaeological Museum of Naples, Stefano de Caro, p 104Chisholm, Hugh, ed. (1911). "Agnano, Lago Di". Encyclopædia Britannica. 1 (11th ed.). Cambridge University Press. Остатоците се наоѓаат во теренот на модерната бања. Вклучуваат аподитериум, фригидариум и неколку топли простории (тепидарија, калидарија и лаконица).https://www.ganapoletano.it/agnano/ Бањите веројатно биле напојувани од Аква Августа (аквадукт Серино).

Во близина е древна пештера, која првично била дел од бањите, и која се полни со вулкански јаглерод диоксид што ги убива животните кои влегуваат во пештерата.

Наоди Група статуи на музи, вклучувајќи ја и познатата Франкфуртска Уранија, биле откриени во римските бањи и истите сега се наоѓаат во музејот Либиехаус. Фигурите, кои датираат од 120-100 п.н.е., биле отстранети од нивната оригинална локација во античко време и се верува дека биле по потекло од Делос во близина на храмот на Аполон. Убавата изведба на наметките е особено заблежлива, а нивниот распоред и текстури ги истакнуваат прекрасните тела на фигурите.

Во фригидариумот биле пронајдени и четири скулптури за време на првите ископувања пред 1911 година.

Наводи

Категорија:Вулкани во Италија Категорија:Населени места во Италија