„Љубов на селски начин“ (српски: Љубав на сеоски начин) — југословенска телевизиска серија од 1970 година, во режија на Драгослав Лазиќ по сценариото на Душан Савковиќ. Серијата е снимена во продукција на Телевизија Белград и има осум епизоди. Главните улоги ги толкуваат: Драган Зариќ, Миодраг Петровиќ - Чкаља, Жика Миленковиќ, Живка Матиќ, Ратко Сариќ, Милка Лукиќ, Павле Минчиќ, Призренка Петковиќ, Силвана Арменулиќ, Олга Станисављевиќ, Драган Лаковиќ итн.РТС, Пре истине (пристапено на 16.3.2023)

Синопсис Во серијата се прикажани доживувањата на момчето Милорад (го игра Зариќ) кого стрикото Гвозден (го игра Чкаља) и дедото Паун (го игра Сариќ) сакаат присилно да го оженат со најбогатата девојка во селото, Радмила. Затоа, Милорад бега од селото и оди во градот, каде ја запознава девојката Розика. На крајот, тој пак се враќа во селото, сакајќи да се ожени со Радмила, но без мираз, а тоа им ги расипува плановите на Гвозден и Паун...

Наводи

Категорија:Југословенски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1970 година Категорија:Српски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на српски јазик Категорија:Телевизиски серии на Телевизија Белград