мини|Сфољатела Сфољатела, понекогаш наречено опашка од јастог во САД,From the Source - Italy: Italy's Most Authentic Recipes From the People That Know Them Best (2015). Lonely Planet. Bullock-Prado, Gesine (2012). Pie It Forward: Pies, Tarts, Tortes, Galettes, and Other Pastries Reinvented. Open Road Media. p. 198. е италијанско пециво исполнето во облик на школка кое има потекло од Кампанија. Сфољателе исто така значи „мал, тенок лист или слој“, бидејќи неговата текстура на пециво наликува на наредени лисја.
Потекло Во манастирот Санта Роза во Конка деи Марини во провинцијата Салерно, Италија, во 17 век, била создадена сфољателата Санта Роса. Слаткарот Пасквале Пинтауро, од Неапол, го добил оригиналниот рецепт на Сфољателата и почнал да ги прави и продава колачите во неговата продавница во далечната 1818 година.
Производство На голема маса, тестото се развлекува, или се израмнува со апарат за тестенини, потоа се премачкува со некој вид на маснотии (путер, сало, маргарин или мешавина), па се превиткува во вид на швајцарски ролат, но со многу повеќе слоеви. Од крајот се сечат дисковите, се обликуваат да направат џебови, и се полнат. Се пече пецивото додека слоевите не почнат да се одвојуваат, создавајќи ги карактеристичните гребени на сфољатела.
Има повеќе различни рецепти за тестото и филот. Филовите вклучуваат рикота со вкус на портокал, паста од бадем и шеќерна кора од цитрон.
Регионални варијации десно|мини| Сфољатела Санта Роза Постојат два вида на пециво. Исто така, постои рецепт со некои промени, со иста кора, но со многу благ и повкусен фил кој е направен од француски крем, сличен на шлаг.
Поврзано
Баклава Штрудла
Наводи
Категорија:Италијанска кујна Категорија:Десерти