мини| Пржен карфиол со сос од аљата (десно) Аљата — лут, солен сос од лук и зачини во италијанската кујна кој се користи за ароматизирање и додаток на месо на скара или варено, риба и зеленчук. За првпат е приготвен во Стариот Рим и останал дел од кујната на Лигурија. Пората е сличен сос подготвен со праз наместо лук.

Подготовка Аљата се подготвува со издробен лук, маслиново масло, лебни трошки, оцет, сол и црн пипер. Лебните трошки се натопуваат во оцет, кој потоа се цеди, по што лукот се мати или се меша во смесата. Неговата подготовка вклучува емулзија на состојките за да се спречи раздвојување, што се изведува со додавање на маслиновото масло со бавно капење додека смесата постојано се меша. Главно се користи како додаток на печено или варено месо, риба и зеленчук.

Историја Потеклото на аљата датира од Стар Рим. Опишан е како вкрстување на социјалните класи: типична селска храна што ја користат и луѓето од високата класа. Венецијанскиот готвач од 14 век, изјавил дека аљата може да се сервира „со секаков вид месо“.

Аљата се користи во кујната на Лигурија како додаток на месо и риба, и е опишан како „лигурска класика“.

Слична храна Сосот пората се подготвува со користење на сите состојки како во аљата, освен лукот, кој е заменет со праз.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Италијанска кујна Категорија:Сосови