мини| Стол на три ногарки мини| Барски стол „Ајфелова кула“ од 1950 година, Париз/Франција Стол — подигнато седиште вообичаено поставено на три или четири ногарки, но без потпирачи за раце ниту потпирач за грб (кај раните столови) и обично е направено за да седи едно лице. Преклопните столови може да се склопат во рамен, компактен облик обично со завртување на седиштето паралелно со преклопените ногарки.

Историја Потеклото на столовите е нејасно, но познато е дека тие се еден од најраните облици на дрвен мебел. Дифросот бил стол со четири ногарки во Стара Грција, кој моело да биде во фиксна и во преклопена верзија.

Во средновековното раздобје, седиштата се состоеле од клупи, столчиња и многу ретки примери на столици слични на престол како показател за статусот.

Артефакти од триножни столчиња се сочувани од 17 век., reprinted in Една од употребите на триножно столче било за молзење крави.

Подоцнежните случувања во 17 век го дале жлебениот стол, при што се користеле техниките на тогашниот столарски занает за да се произведе поголем стол сличен на кутија со минимум дрво, со ужлебување на долги тенки вретена и шини заедно под прави агли.

Кралски столови Неколку кралства и поглавари во Африка имале и сè уште имаат обичаи за користење на столови на местото на столици како престоли. Еден од најпознатите од нив, Златниот стол на Асантехените во Гана, бил причина за еден од најпознатите настани во историјата на колонизирана Африка, таканаречената војна на златниот стол меѓу Британците и Ашантите.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Shakespeare in 100 Objects: Joint-stool West Dean College: Seventeenth Century Joinery: From Log to Stool

Категорија:Мебел