Давор Здравковски (роден на 20 март 1998 г.) — македонски фудбалер кој игра во АЕЛ Лимасол како играч од средниот ред.

Клупска кариера Роден во Скопје, Здравковски бил дел од младинската екипа на Македонија Ѓорче Петров, а во летото 2015 година го забележал својот прв настап за првиот тим на клубот во Втората македонска фудбалска лига. На крајот на сезоната, Македонија Ѓорче Петров изборила пласман во Првата македонска фудбалска лига. Во својата премиерна сезона во Првата македонска фудбалска лига, Здравковски се изборил за местото во почетниот состав и одиграл вкупно 33 натпревари за својот клуб.

Во август 2017 година тој потпишал тригодишен договор со кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол.proplayersagency.com Два месеци подоцна, на 26 октомври 2017 година, тој го забележал својот прв настап за клубот, влегувајќи од клупата на натпреварот од првата кипарска лига против Олимпијакос Никозија.Здравковски дебитираше за АЕЛ Лимасол во триумфот над Олимпијакос! ekipa.mk; 21 октомври 2017 На 5 февруари 2021 година, Здравковски го постигнал својот прв гол за својот клуб во победата од 1–0 над Пафос.Здравковски со својот првенец донесе победа за АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)ekipa.mk; 7 февруари 2021

Здравковски се приклучил на шкотскиот премиерлигаш Мадервел во јули 2023 година.

Репрезентативна кариера Здравковски ги поминал сите возрасни категории во националниот дрес и бил регуларен член на репрезентацијата под 19 години за која постигнал пет гола на седум настапи, како и на репрезентацијата под 21 година за која забележал 27 настапи и постигнал два гола.

Здравковски за прв пат добил репрезентативен повик за сениорскиот тим на Македонија од страна на селекторот Благоја Милевски во март 2023 година, за квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 против репрезентацијата на Малта.Здравковски: Сон на секое дете е да заигра за сопствената репрезентација gol.mk; 20 март 2023

Наводи

Надворешни врски

Давор Здравковски на Transfermartk.com

Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК АЕЛ Лимасол Категорија:Фудбалери на ФК Мадервел