мини|Бурида Бурида е супа или чорба од морска храна во италијанската кујна од Лигурија која е во северна Италија. Некои препарати можат и да се бавно варени, додека другите се готват за релативно кратко време (9–10 минути). Исто така е опишан како и чорба, или како сличен по текстура на чорба.

Состојки и подготовка Примарните состојки на Бурида вклучуваат и морска храна, супа од риба, домат, кромид и лук. Традиционално, супата се служи со суви, тркалезни лепчиња за леб, кои се натопени во неа. Може да содржи неколку видови риби, а дополнителните морски плодови може да вклучуваат јагула, лигњи, школки или шкампи. Едноставните рецепти може да се готват само со сушен бакалар и компир.

Сорти Бурида ала Џеновезе е варијација која се подготвува со истите основни состојки, а може и да вклучуваат и ракчиња и октопод. Опишана е како и „традиционално јадење од Џенова “. Бурида е поврзана и со бурид, рибна супа од Прованса и „Бурида“ од Сардинија, јадење кое е направено од месо од ајкула.

Наводи

Категорија:Италијанска кујна