мини Венецијана е слатко од ломбардската кујна покриена со шеќерни зрна или пак шлаг од бадем. Се служи во две верзии: поголемата многу се консумира за време на Божиќ, како панетоне; помалиот се јаде и како појадок, заедно и со капучино, а како кроасани. Венецијана е на база на путер и брашно и користи кисело тесто како квасец; помалата верзија е обично обична, понекогаш е исполнета со крем, додека поголемата содржи многу захаросан портокал.
Историјата на Венецијана е многу слична со историјата на панетоне, која била создадена околу XV век. Ова слатко некогаш се јадело и за време на прослави како што се свадби или Божиќ, додека од крајот на Втората светска војна се смета и за храна за појадок. Buondì, популарната закуска во Италија, е индустриската верзија на veneziana.
Наводи
Категорија:Божиќна кујна Категорија:Италијанска кујна