Одрински Вилает (традиц. нарекуван и Одринско) — еден од европските вилаети во Отоманското Царство чиј центар на таа територија бил градот Одрин (Едрене). Оваа територија се протегала од Црното Море до реката Места и од тогашната бугарско-турска граница до Мраморно и Егејското Море, но без Истанбул.Българите в най-източната част на Балканския полуостров - Източна Тракия, Димитър Войников.
Потекло на поимот Името потекнува од градот Одрин. Вилаетот понекогаш се нарекува и со кратенката Одрински, но и со географското име Источна Тракија.
Население Вилаетот бил населен претежно од турско, грчко и бугарско население.Спомени на Михаил Герџиков - “Култура“, Скопје Според Љубомир Милетиќ Одринскиот вилает, без Истанбулскиот вилает, во 1912 година имал околу 1,000,000 луѓе. Најмногубројно било турското население со околу 400 илјади жители, а Бугарите, Грците и другите националности биле околу 600 илјади луѓе, од кои 300 илјади зборувале на бугарски, а 200 илјади зборувале на грчки јазик."Разорението на тракийските българи презъ 1913 година", Българска академия на науките, София, Държавна печатница, 1918 г.; II фототипно издание, Културно-просветен клуб "Тракия" - София, 1989 г., София, стр. 7-9. Од тие што зборувале бугарски, околу 176,000 биле припадници на Егзархијата,Тука влегуваат и околу 10,000 Егзархисти од Истанбулскиот вилает. 96,000 Помаци,Според други тие се околу 130,000 души; Ст. Шишков "Помаците в трите български области Тракия, Македония и Мизия, Пловдив 1914, стр. 15. 25,000 припадници на Патријаршијата и 1,700 Униjати."Разорението на тракийските българи... стр. 287-300. По Балканските војни, христијанското население од Одринско било прогонето од страна на турските властиИзвештај на Карнегиевата балканска комиција (1912-1913) - “Култура“, Скопје, и денес регионот е претежно населен со турско население.
Отомански статистички податоци за Одринскиот вилает и Истанбулскиот вилает од 1910 санџак Турци Грци Бугари други вкупно Одрин 128,000 113,500 31,500 14,700 287,700 Кирк Килисе 53,000 77,000 28,500 1,150 159,650 Родосто 63,300 36,000 3,00021,800 144,300 Такирдаг 63,500 56,000 3,000 21,800 144,300 Галиполе 31,500 70,500 2,000 3,200 107,200 Дедеагач 45,300 29,000 17,000 650 91,630 Комотини 185,000 22,000 23,500 2,200 234,700 Чаталџа 18,000 48,500 - 2,340 68,840 Истанбул 450,000 260,000 6,000 130,000 846,000 вкупно% 974,500 676,600 113,500 176,040 1,940,040 Статистички податоци на Патријаршијата од 1912 вкупно% 836,500 726,00 114,000 340,700 2,017,800
Наводи
Поврзано Одрински револуционерен округ Источна Тракија
Надворешни врски Спомени на Михаил Герџиков
Категорија:Вилаети на Отоманското Царство во Европа Категорија:Географија на Турција Категорија:Западна Тракија Категорија:Отоманска Тракија
Категорија:Држави и територии распаднати во 1922 година