Е. Маринела е италијанска компанија за вратоврски основана од Еугенио Маринела во 1914 година во Неапол и е позната по тоа што ја има една од најдобрите вратоврски во светот. Тоа е мала продавница од само 20 квадратни метри, шармантен салон кој нуди вистински богатства на префинетост и вкус, отворена во Неапол во 1914 година на еден од најубавите брегови во Италија, шеталиште за наполитанското високо општество.
Има самостојни продавници во Неапол, Милано, Рим и Токио. Марката се продава и во Њујорк во стоковната куќа Бергдорф Гудман.stores emarinella.com
Секоја вратоврска е рачно изработена и уникатна.
Историја Во 1914 година, Еугенио Маринела одлучил да отвори продавница на Пјаца Виторија на Ривиера ди Киаја, во Неапол. Постепено, бутикот станал референтна точка за елеганција. Во 1980-тите, името Маринела почнало да се појавува надвор од италијанските граници благодарение на претседателот на Републиката Франческо Косига, кој имал навика да им носи кутија со пет вратоврски Маринела како подарок на шефовите на држави на неговите официјални посети. Еугенио, а потоа и Лујџи Маринела лично отишле во Англија за да ги изберат ткаенините за нивните вратоврски и кошули. Целиот бутик во Неапол е изработен од Еугенио Маринела со англиски материјали, вклучувајќи ги и бравите на вратите.
Денес, компанијата ја водат внукот на Еугенио, Маурицио Маринела и неговиот син Алесандро Маринела.
Клиенти Политичарите како Барак Обама,Paracchini, Gian Luigi. Una cravatta per Mubarak E Marinella riapre il negozio Corriere del Mezzogiorno. 20 July 2009. Retrieved on 24 August 2009. Џон Ф. Кенеди, Бил Клинтон, Никола Саркози, Борис Јелцин, Силвио Берлускони, Жак Шира и Хосни Мубарак носеле Маринела вратоврски исто како и, кралот Хуан Карлос, Принцот Чарлс, Џани Агнели, Принцот Алберт од Монако, Аристотел Оназис. Со текот на времето, важни личности на глобално ниво, амбасадори и министри за надворешни работи ги избрале врските на Е.Маринела.
Е. Маринела стана кројач на американски претседатели.
MoMA од Њујорк. „СТАВКИ: Дали модата е модерна?“ бил насловот на изложбата посветена на модата, одржана во МоМА во Њујорк, каде биле изложени 111 култни парчиња облека од 20-от и 21-от век. Меѓу нив, како гордост на Made in Italy, биле вратоврските на Е. Маринела.
Производи Покрај вратоврски, Е. Маринела продава и чанти, часовници, колонска вода, додатоци и манжетни за мажи. Нивната линија на женски производи вклучува чанти, шалови, парфеми и додатоци.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Луксузни марки Категорија:Модни куќи Категорија:Италијански марки