Морски плодови — назив за јадливи морски безрбетници. Морските плодови опфаќаат широк спектар на морски организми, но ги исклучува рибите и цицачите.

Консумација на морски плодови

Историја на консумацијата на морски плодови мини| Ручек со остриги (и шампањ ) од Жан-Франсоа де Троа (1679–1752), на кралот Луј XV во дворецот Версај. мини| Пица со морски плодови. Консумацијата на морски плодови датира барем од раздобјето на ловци-собирачи од праисторијата, од почетоците на историјата на кулинарската уметност. Најстарата позната консумација на морски плодови од страна на Homo sapiens се школки што ги јаделе пред 164 000 години и кои се пронајдени во Јужна Африка. Во 2011 година, биле пронајдени и остатоци од школки, што покажува дека и неандерталецот јадел морски плодови пред 150 000 години.

Здравствени аспекти Се смета дека морските плодови се добра храна за човековото здравје затоа што содржат различни олиго-елементи, како јод, магнезиум, витамин Б12, итн. Сепак, исто како и месото, треба да се консумираат свежи и здрави (не расипани), во спротивно може да предизвикаат тешки труења. Неколку вообичаени алергии се однесуваат на одредени морски плодови, особено оние кои претставуваат филтри (и биоинтегратори, особено школките) и може да имаат акумулирано, покрај микроби и паразити, тешки метали или други токсини невидливи со голо око (биоконцентрација).

Месеци на „ Р “ Во Франција, консумацијата на школки воопшто, а особено на остриги, е резервирана само во месеците кои ја содржат буквата „ Р “, односно од септември до април.

Овој обичај потекнува од кралскиот указ од 1759 година, објавен по бројните смртоносни труења на дворот, со кој се забранува риболов и продажба на остриги од 1 април до 31 октомври, во време кога не постоело чување на храната на ладно и кога превозот бил бавен. Со овој указ, исто така, се избегнувало земање остриги од нивните легла за време на периодот на репродукција и со тоа се чувале ресурсите.. Денес остригите се јадат во текот на целата година, но во потоплите месеци тие се мрсни или „млечни“ поради присуството на гамети http://www.foodplanet.fr/app/download/5790128803/Levasseur_produits_mer.pdf.

Сепак, овој израз останува релевантен за одредени видови како што е виолетовиот морски еж, поддржан од регулативите, со цел да се зачуваат ресурсите во времето на репродукција. Поради тоа, собирањето на морски ежови за консумирање е строго забранета од 1 мај до 31 август во Франција Voir la fiche de l'oursin violet sur le site DORIS. .

Список на морски плодови мини|Штанд со морски плодови Главните групи на безрбетници кои се јадат како морски плодови се:

школки главонози полжави ракови иглокожи

Наводи

Надворешни врски BC Shellfish Growers Association East Coast Shellfish Growers Association Pacific Coast Shellfish Growers Association Shellfish News Shellfish Gallery Shellfish Guide Freshwater and Marine Image Bank—Shellfish at the University of Washington Libraries, Digital Collection Nutrition Facts for Various Shellfish

Категорија:Јадења од морски плодови Категорија:Морски плодови