Брук Кенди (целосно име: Брук Дајан Кенди; англиски: Brooke Dyan Candy; роденa на 20 јули 1989 во Окснард, Калифорнија, САД) е американскa раперка, пејачка, текстописец и режисерка. Брук Кенди се стекнала со поуларност откако глумела во музичкото видео од Грајмс за песната „Genesis“ (2012). По успехот на песната, Кенди го зајакнала својот статус во андерграунд сцената откако почнала да објавува свој материјал: „Das Me“ (2012), „Everybody Does“ (2013) и „I Wanna Fuck Right Now“ (2013). Во 2014 година, потпишала со RCA и на 6 мај 2014 година го издадла својот деби сингл под голема продукциска куќа, "Opulence". Подоцна, се приклучила на продукциската куќа Columbia Records во ОК. И двете куќи се филијали на Sony Music.

Нејзиниот дебитантски албум, Daddy Issues, прво требало да биде објавен во 2015 година, но бил одложуван. По многу песни под влијание на поп музиката, меѓу кои и релативно успешната „Living Out Loud“ (2017), Кенди во 2017 година ја прекинала соработката со своите дотогашни продукциски куќи. Во текот на 2017 и 2018 година, била на турнеја заедно со Charli XCX и Лизо, а била и на сопствена турнеја во Азија насловена како Tie Me Up Tour (2018). Својот прв целосен албум, Sexorcism, Брук Кенди го издала во 2019 година.

Детство Брук Кенди е родена во Окснард, Калифорнија, а детството го поминала во предградието на Лос Анџелес Агура Хилс. Има италијанско и еврејско потекло. Нејзините родители се развеле на нејзини осум години. Мајка ѝ била педијатриска медицинска сестра.

Кариера Брук Кенди одреден период работела како стриптизерка во клубот за возрасни Seventh Veil во Холивуд. Кенди Брук својата рап кариера ја започнала во 2011 година, кога на нејзиниот блог на Tumblr почнала да ги објавува нејзините први песни.

Летото 2012 година, во еден од клубовите во Лос Анџелес, Брук се запознала со пејачката Грајмс, која ја поканила на Брук Кенди да се појави во нејзиното ново музичко видео „Genesis“. Истата година, раперката го објавила својот прв интернет хит „Das Me“, кој станал химна на ЛГБТ заедницата и феминистките на Интернет. Во текот на 2012 и 2013 година, Кенди на YouTube самостојно ги објавила своите први три музички спотови за нејзините песни; „Das Me“, „Everybody Does“ и „I Wanna Fuck Right Now“. Видеата до почетокот на 2013 година имале преку милион прегледи. Прва снимка за голема етикета на Кенди било нејзиното појавување на песната „Cloud Aura“ на деби албумот True Romance од Charli XCX.

Кон крајот на 2013 година, Кенди го привлекла вниманието на пејачката и текстописец Сиа, и таа на Инстаграм ѝ напишала дека сака да напише песна за неа. Тие се спријателиле, а Сиа на крајот била извршен продуцент на дебитантското EP на Кенди. Кенди со помош на Сиа, во февруари 2014 година потпишала договор со RCA Records. „Opulence“, песна напишана заедно со Сиа и продуцирана од Дипло, бил нејзин прв сингл со етикетата. Првата песна била изведена на 3 април 2014 година, на дебитантската ревија на Никола Формичети за Дизел во Венеција. На 22 април 2014 година, за време на премиерата на официјалното музичко видео во режија на Стивен Клајн и стилизирано од Формичети песната била ставена на интернет за дигитално преземање.

Дебитантскиот EР на Брук Кенди со наслов Opulence бил објавен на 6 мај 2014 година. Генерално добил пофалби од критичарите.

Деби-албумот на Кенди требало да се вика Daddy Issues, а извршно бил продуциран од тогашната колешка од етикетата, Сиа, која исто така била и текстописец. Сиа напишала две песни за албумот, тогашниот сингл „ Living Out Loud “ во кој се појавува и самата Сиа и друга песна инспирирана од Шер.

Во 2017 година, издавањето на Daddy Issues било откажано затоа што Кенди ја напуштила RCA. Во јануари истата година, Кенди глумела во модниот филм во режија на Грејси Ото и Томас Кер под наслов Candy Crush . Во текот на јуни 2017 година, ја поддржувала Лизо на нејзината турнеја.

На 10 јануари 2019 година, Кенди потврдила дека штотуку го завршила својот деби албум. Албумот го снимила во Лондон со англискиот продуцент, пејач и текстописец Оскар Шелер заедно со раперот Ашнико. На 28 февруари, Кенди потврдила дека албумот го носи насловот Sexorcism и дека првиот промотивен сингл се вика „Happy“, кој бил објавен на 29 март 2019 година заедно со неговото официјално музичко видео во режија на Ранкин.

Награди и номинации {| class=wikitable |- ! Year !! Awards !! Work !! Category !! Result |- | 2014 | UK Music Video Awards | "Opulence" | Best Styling

| 2019 | Berlin Music Video Awards | "My Sex" | Best Animation

Дискографија

Sexorcism (2019) Freaky Princess (TBA)

Турнеи

Сопствени

Tie Me Up (2018) The Whore Tour (2019) Sexorcism Tour (2019)

Како поддршка

Charli XCX - Number 1 Angel Tour(2017) Lizzo - Good as Hell Tour (2017) Cupcakke - The Ephorize Tour (2018) Charli XCX - Charli Live Tour (2019)

Промотивни

Opulence промотивна турнеја во САД (2014) Азиска турнеја '18 (2018)

Како гостин

Азилија Бенкс - Mermaid Ball (2011)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Италоамериканци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Раперки од 21 век Категорија:Американски LGBT луѓе Категорија:Американски пејачки од 21 век Категорија:Американски хип-хоп пејачки Категорија:Американски раперки од 21 век Категорија:Поп рапери Категорија:Американки во електронската музика Категорија:Рапери од Лос Анџелес Категорија:LGBT рапери Категорија:Електропоп музичари Категорија:Американски еротски танчерки Категорија:Американски кантавторки Категорија:Американски раперки