Кампобасо () е град во Италија, административен центар на провинцијата Молизе во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Кампобасо.
Кампобасо е познат по својот антички натпревар во мечување, кој се одржува секоја година од 14 век. Исто така, околината на градот е позната по одгледувањето круши.
Потекло на името Името Кампобасо потекнува од латинските зборови „Campus Vazorum“ (), што се преведува како „вазалско седиште“.
Природни одлики
Кампобасо се наоѓа во јужна Италија. Градот е 230 километри источно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Неапол.
Една од главните атракции на Кампобасо е Кастело Монфорте, изграден во 1450 година од локалниот владетел Никола II Монфорте, над ломбардските или норманските урнатини.Сегашната градба е резултат на подоцнежната обнова по земјотресите од 1456 и 1805 година.
Релјеф : Кампобасо се развил на многу висока висорамнина во централните Апенини. Висината на градот е околу 700 m надморска височина и е еден од највисоките градови во државата. Градот е опкружен со Самнитските Апенини.
Клима : Климата во Кампобас е умерено континентална поради значителната надморска височина. Многу е поостро тука отколку во околните градови, кои се блиску до морето и на помала надморска височина. Снегот во градот е редовна појава во зима, што е многу ретко во јужна Италија.
Вода : Поради високата надморска висина градот нема големи водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.
Историја Градот Кампобасо не е стар за италијански услови. Населбата на ова место првпат се појавила во 8 век. Се претпоставува дека во почетокот бил утврдување на тогашните владејачки Ломбарди. Владетелите од Кралството Двете Сицилии изградиле утврдена населба во обид да обезбедат моќ во овој несигурен дел од нивното кралство. Градот, како многу утврдено и затоа безбедно место, набрзо станал важен политички центар на Кралството Двете Сицилии.
Географија
Население Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 48.747 жители. +Демографија19311936195119611971198119912001201119.95522.52528.67834.01141.78248.29150.94150.76248.747 Во 2008 година Кампобасо имал околу 51.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век. Во последните години бројот на странци во градот стагнира.
Градови партнери мини|Цркавата св.Вартоломеј десно|мини|270x270пкс| Црквата Св. Вартоломеј и новиот дел од градот во позадина Бања Лука Беневенто Витербо Отава Владимир Вастоџирарди Љеш
Галерија
Наводи
Категорија:Молизе Категорија:Градови во Италија Категорија:Градови во Молизе