Синопсис Ова е приказна за три семејства кои заедно се поврзани, но уште повеќе раздвоени со пари, љубов, страсти и измама. Еден од главните улоги е Томо Јурак, 50 годишен милионер, сопственик на ресторани и хотели како што е хотелот "Grand" во Загреб и "Villa Maria" која се наоѓа во Опатија. Неговата ќерка Дора има 20 години и е одлична студентка на медицина. Томо ја обожава и не ја прифаќа помислата дека таа е веќе зрела девојка и дека има момче и своја интима. На почетокот таа е разгалена татина ќерка, која ќе се развие во зрела девојка која ќе се обиде да ја сочува фамилијата заедно, после што ја дознава вистината за љубовницата на Томо, злобната Весна, жена на соперникот на Томо, Макс Ловрек.

Дора се заљубува во Лука Понграц, вработник во фирмата на Томо, воедно и негова десна рака во работата. Иван, братот на Дора, е љубоморен на Лука и на неговиот однос со Томо, кој наликува на однос на син-татко кој го сака Иван. Мајката на Лука, Дуња не ја одобрува врска помеѓу Дора и Лука, а воедно ја чува и тајната за неговото потекло.

Занимливости за серијата Ова е првата хрватска теленовела, која со емитување почна во октомври 2004 год. на ХРТ во 18:40 часот. Својата "светска премиера" ја доживеа во Србија, каде со емитување на Пинк Телевизија почна половина час порано. Поради огромен успех во Србија во последните 10 епизоди гостување белградскиот глумец Војин Цветковиќ. Исто така пејачката Тијана Дапчевиќ ја спомена "Villa Maria" во нејзината песна "Се е исто, само него го нема". Глумицата Миа Беговиќ, која ја глумеше Хелена Рујак, доби отказ неколку недели пред завршувањето на снимањето на серијата. Причините за отказот не беа познати за јавноста, а Хелена во серијата се појавување сè до крајот, освен во последните сцени на серијата.Otkaz Miji Begović zaustavio pobunu glumaca Хрватскиот пејач Петар Грашо се појави како гостин во серијата, каде се глумеше самиот себеси, воедно како новиот додворувач на Дора. Неговата колешка, исто така пејачка, Јелена Розга, го глумеше измислениот лик Мирна Полиќ, пријателката на Мајда. Специјални улоги во серијата добија и мексиканските глумци Омар Херменос и Глорија Пералта, кои во вистинскиот живот се во брак.

Улоги Глумци ЛиковиЈелена Велјача Дора ЈуракДамир Марковина Лука ПонграцКсенија Пајиќ Ана ЈуракЖарко Радиќ Томислав "Томо" ЈуракАнте Чедо Мартиновиќ Макс ЛоврекБарбара Вицковиќ Весна ЛоврекМислав Чавајда Иван ЈуракМиа Беговиќ Хелена ЈуракНада Гашечиќ Ливаковиќ Дуња Понграц

Вила Марија на Балканот Хрватска: ХРТ1 Македонија: Канал 5 Телевизија Србија: Пинк Телевизија Црна Гора: Пинк М Босна и Херцеговина: Пинк БХ Словенија: ПОП ТВ

Наводи

Категорија:Хрватски телевизиски серии Категорија:Теленовели