Габриеле Бертачини (роден на 18 декември 1985 година) е италијански готвач, телевизиска личност и писател. Тој е познат по неговата улога како експерт за храна во серијата на Нетфликс (Say I Do).

Животот и кариерата Бертачини е роден и израснат во Фиренца во мормонско италијанско семејство. Научил да готви на 13-годишна возраст, обучувајќи се во Институтот за кулинарски уметности и менаџмент Бернардо Буонталенти за регионална италијанска кујна, специјалност му била тосканската кујна, како и управувањето со храна и пијалаци. Потоа работел во неколку ресторани и хотели како Ристоранте Сабатини, Гранд Хотел Баглиони и Хотел Асторија и бил именуван за главен готвач во ресторанот Конквинариум.

Се преселил во САД каде студирал новинарство и односи со јавноста на Државниот универзитет во Аризона. Бертачини ја основал својата прва угостителска компанија, il TOCCO FOOD, во 2008 година. Неговата втора угостителска компанија, Culinary Mischief, е посветена на искуства само со покана, а неговата трета, [UN]OFFICIAL, е основана во 2015 година. Тој бил колумнист за храна и вино за локалното списание Green Living.

Во 2019 година, станал еден од домаќините и експерт за храна во реалити серијата на Нетфликс, Say I Do.

Личен живот Бертачини живее во Венеција, Лос Анџелес со неговите четири австралиски шепарди. Тој е отворено геј. Во првата епизода на Say I Do, открил дека е ХИВ позитивен.

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб страна

Категорија:Италијански готвачи Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе