Роза Ана Гаравоља (родена Магно; 8 март 1933 - 22 ноември 2016 година) била италијанска милијардерка, сопственик на 51% од Групо Кампари.
Поседувала 51% од Групо Кампари, најголемиот производител на алкохолни пијалаци во Италија и шести по големина во светот. Во мај 2015 година, нејзиното нето богатство било проценето на 3,2 милијарди долари.
Таа ги наследила своите акции во Кампари од нејзиниот покоен сопруг Доменико. Имале три деца Лука Гаравоља, Алесандра Гаравоља и Мадалена Гаравоља. Лука Гаравоља е претседател на Групо Кампари.
Смрт Починала на 22 ноември 2016 година, на 83-годишна возраст, а било објавено дека нејзиниот син Лука Гаравоља, претседателот на Кампари „сега ќе ја преземе контролата над Аликрос, кој поседува 51 отсто од капиталот на Кампари и уште поголем дел од гласачките права“.
Наводи
Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1933 година Категорија:Статии со извори на италијански (it) Категорија:Италијански стопанственици