„Заклучени во градот“ — првата збирка на поезија на современиот поет и писател Никола Маџиров издадена во 1999 година, издание на издавачката куќа „Магор“.
Содржина Поетската книга авторот ја има поделено на три засебни дела: Заклучени во градот, Портрети и Седум. Збирката претставува поетско доживување на родната Струмица, луѓето, чувствата на дете кое израснало во поет. За збирката Александар Прокопиев има напишано:„ Едноставни и доживеани во првичноста на бегството. На заминувачкиот чекор од детството, песните на Никола Маџиров нè среќаваат со клучалки, чевли , прозорци... И едно тело, речиси адолесцентно, со збунета насмевка на штотуку исчезнато дете. Меѓу два здива, тоа дете-човек непосредно ја чувствува сопствената преобразба низ слики, убедливи во контрастите меѓу неподвижното и движечкото, меѓу старото и она што ќе следува“ “Никола Маџиров, Заклучени во градот, Магор, 1999,
Наводи
Категорија:Македонска поезија Категорија:Дела на Никола Маџиров Категорија:Книги од 1999 година Категорија:Појавено во 1999 година во Македонија