Свети Петар () ― бетонска градба во комуната Фирмини, Франција. Последното големо дело на Ле Корбизје, било започнато во 1973 година и завршено во 2006 година, четириесет и една година по неговата смрт.

Историја Дизајнирана да биде црква во примерот на град - Фирмини Верт, изградбата на Свети Петар започнала во 1971 година, шест години по смртта на Ле Корбизје во 1965 година. Поради месните политички судири, таа била во застој од 1975 до 2003 година, кога месната власт ја прогласила урнатината на калапен бетон за „архитектонско наследство“ и го финансирала нејзиното завршување. Градбата била довршена од францускиот архитект Жозе Убрери, долгогодишен ученик на Ле Корбизје.

Користена е за многу различни намени, како средно училиште и како засолниште. Бидејќи секуларната француска држава можеби нема да користи јавни средства за верски градби, Свети Петар сега е користена како културно здание.

Влијание врз архитектурата Во Светското истражување за архитектура од 2010 година, на списанието <i>Vanity Fair</i>, зградата била рангирана како втора во рангирањето на врвните структури изградени во дваесет и првиот век, добивајќи четири гласа. Деконструкцискиот архитект од Соединетите Држави, Питер Ајзенман во својот одговор тврдел дека оваа градба е најважната градба изградена по 1980 година.Tyrnauer, Matt, Architecture in the Age of Gehry, Vanity Fair, Number 600, August, 2010, p.156-167

Поврзано

Светско истражување за архитектура

Наводи

vishal

Надворешни врски

Ле Корбизје во Фирмини Водич за кореспонденцијата и фотографиите на Ле Корбизје за дизајнот за l'Eglise de Firminy 1964 година Статија од Џонатан Барнс Архитектура и дизајн Мрежна страница на Град Фирмини за Свети Петар

Currently none, designed as Roman Catholic church Категорија:Историски споменици во Лоара (департман) Категорија:Градби од Ле Корбизје во Франција Категорија:Фирмини