Стефан Ашковски (роден на 24 февруари 1992 година) ― македонски професионален фудбалер кој игра како крилен напаѓач за клубот Ламија од Суперлигата Грција.
Клупска кариера Стефан Ашковски е роден во Скопје, Македонија. Играл за младинските екипи на Металург и Вардар. Во 2010 преминал во екипата на Телеоптик во Србија. За тој тим во периодот од 2010 до 2012 година настапил на 57 натпревари, постигнувајќи 5 голови. Во 2012 година преминал во екипата на Партизан од Белград. Но за тој тим настапил само на 1 натпревар, при што за време на престојот во екипата бил праќан на позајмици во различни екипи. Во 2016 година настапувајќи за екипата на Кајсери од Турција, настапил на 12 натпревари и постигнал 1 гол. Од 2016 до 2018 година играл во Холандија за екипата на Фортуна Ситарт, настапил на 49 натпревари и постигнал 12 голови. Во сезоната 2018/2019 година настапувал во екипата на Славија Софија во Бугарија, и забележал 16 настапи. Од 2019 до 2021 година играл во Романија во екипата на Ботошани, забележувајќи 56 настапи со 6 постигнати погодоци. Во сезоната 2021/2022 настапувал за екипата на Шепши ОШК во Романија, при тоа забележал 37 настапи со 2 постигнати погодоци. Во 2022 преминал во екипата на Ламиа во Грција и досега настапил на 15 средби.
Репрезентативна кариера Своето деби за македонската фудбалска репрезентација го има во 2015 година. Досега за македонската репрезентација има настапено на 18 натпревари.
Honours
Партизан Суперлига на Србија: 2012/13
Сепси ОСК Куп на Романија: 2021/22
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Фудбалери на ПФК Славија (Софија) Категорија:Фудбалери на ФК Шкендија Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалски бекови Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Македонски младински фудбалски репрезентативци Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалери