Црндолски Водопад ― водопад на потокот Црн Дол кој е десната притока на Брегалница. Тој е еден од Пехчевските Водопади, висок е 6,7 метри, во подножјето има плиток природен базен (карпест котел или џиновски лонец).
Местоположба Црндолскиот Водопад се наоѓа на нешто повеќе од 10 км од градот Пехчево, околу 700 метри над вливот на Црн Дол во Брегалница во шумовит предел.
Пристап Од Пехчево до вливот на Црн Дол во Брегалница води асфалтен пат, а оттука до самиот водопад постои уредена пешачка патека со уредени места за одмор.
Туризам Црндолскиот Водопад е слабо познат вон месни рамки. Заради добрата пристапност и уреденоста, жителите од околните населени места го користат за излети.
Галерија
Поврзано Спиковски Андак Спиковски Водопади Скокото Љутачка Река Љутачки Водопад Ж'тачка Река Ж'тачки Водопад
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Географија на Пехчево Категорија:Водопади во Македонија Категорија:Брегалница