Далиан (традиционален кинески: 大連, поедноставен кинески:大连, пинјин: Dàlián) ― потпровинциски пристаништен град во покраината Лиаонинг, Народна Република Кина, и е втор по големина град во Лиаонинг (по главниот град на провинцијата Шенјанг) и трет најголем град во Североисточна Кина.
Градот се наоѓа на јужниот крај од Полуостровот Љаодунг, и тој е најјужен град во Љаонинг и во Североисточна Кина. Преку Даљенскиот Залив (составен дел од Корејскиот Залив) излегува на Жолто Море.
Според пописот од 2020 година, имал вкупно население од 7.450.785 жители од кои 5.106.719 живееле во урбанизирана област.
Денес, градот е финансиски, транспортен и логистички центар за Источна Азија. Во минатото Даљен и неговите пристаништа биле често користени од странски сили. Даљен претходно бил познат како „ Даљниј“ (), „Дајрен“ (), и „Луда“ или „Лута“ (кинески: ). Порано градот бил познат и како „Порт Артур“ и „Рјоџун“ () од оригиналниот Порт Артур, израснала денешната градска област Лушунку.
Во 2016 година, Даљен бил на 48-мо место на Индексот на глобалните финансиски центри. Во 2012 година, Даљен бил на 82-ро место на глобалниот индекс на конкурентност на градовите. Во 2006 година, од страна на China Daily Даљен бил прогласен за најповолен град за живеење во Кина.
Збратимени градови Далиан, меѓу другите е збратимен со:
Ла Паз Владивосток Баија Бланка Бремен Енсхеде Росток Авр Оукленд Маизуру Сарагоса Далас Охрид Калининград
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница на Владата на Далиан Веб-страница на Владата на Далиан
Категорија:Жолто Море Категорија:Градови во Љаонинг Категорија:Даљен Категорија:CS1 со писмо на кинески (zh) Категорија:Статии со текст на упростен кинески Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Статии со текст на традиционален кинески Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Статии со текст на корејски Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер Категорија:Пристанишни градови во Кина