Драгумица — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.

Географија Селото било мала македонска населба на западниот брег на Малото Преспанско Езеро. Лежело на 2 км југоисточно од Винени, и на околу 1 км северозападно од Дробитишта. Низ селото течел поток кој пресушувал во преку летото.

Историја Селото било населено барем од средниот век, за што сведочат наодите од керамички и бакарни предмети најдени од селаните. Драгумица настрадала од надојдената вода на езерото и неговото население конечно го напуштило во првата половина од XIX век. На ова подрачје стои само црквата „Св. Ѓорѓија“ во корија на стари дабови, чија старист е непозната, но се претпоставува дека е од крајот на XIX век. Во нејзина близина биле и селските гробишта.

Се смета дека жителите на Драгумица го основале селото Дробитишта.

Наводи

Категорија:Историски села во Преспа (општина)