ПолјацитеПолска, Полјак, Полјаци, Полјачка, полски; Правопис на македонскиот јазик, Б. Видоеки, Т. Димитровски, Л. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Просветно Дело, 2007, стр. 165. се европски народ од западнословенската група на народи и јазици, населен претежно во Република Полска. Полјаците во мнозинство се католици, и го говорат полскиот јазик.
Бројност и распространетост во светот thumb|лево|300px|Полјаци во народни носии.
Според бројноста Полјаците се втор најброен словенски народ, веднаш после Русите. Нивната бројност се движи околу 60 милиони луѓе. Покрај во Полска, голем број на Полјаци и полски заедници живеат во САД, Австралија, Канада, Велика Британија, Ирска и други западно европски земји.
Потекло на етнонимот Полјаци
Етимологијата на името Полјак (полски: polak) доаѓа од старословенскиот збор „поле“ - т.е. во буквален превод името „Полјаци“ значи „жители на полињата“.
Познати Полјаци
Јан Собиески - средновековен полски владетел Никола Коперник - средновековен полски физичар, астроном и научник Марија Склодовска - Кири - полски научник, откривач на плутониумот Папата Јован Павле II (Карол Војтила) - римокатолички папа Лех Валенса - водач на синдикатот „Солидарност“ во 1980 година и прв претседател на пост-комунистичка Полска
Наводи
*