Неолиберализам ― термин од крајот на 20 век кој го означува повторното појавување на политичката идеологија од 19 век поврзана со слободниот пазар на капитализмот, откако таа идеологија речиси се изгубила по Втората светска војна. Главен фактор во подемот на неолиберализмот се конзервативните и слободарските организации, политичките партии и аналитичките центри, кои претежно се залагаат за политика на економска либерализација, како приватизација, дерегулација, глобализација, слободна трговија, монетаризам, штедење и намалување на трошењето на државата со цел да се зголеми улогата на приватниот сектор во економијата и општеството. Основните одлики на неолиберализмот во научната мислат и во практика биле предмет на научна дебата.
Како економска филозофија, неолиберализмот се појавил меѓу европските либерални научници во 1930-тите додека тие се обидоа да ги оживеат и обноват централните идеи од класичниот либерализам откако виделе дека по Големата депресија овие идеи ја губат популарноста за сметка на желбата да се контролираат пазарите, што се манифестирало во политика дизајнирана да се спречи нестабилноста на слободните пазари. Одредувањето на политика за ублажување на нестабилноста на слободниот пазар била делумно поттикната од намерата да не се повтори економски пад како тој од раните 1930-ти, пад кој понекогаш се припишува исклучиво на економската политика на класичниот либерализам. Како политика, неолиберализмот се однесува променетиот економски модел кој следел по неуспехот на кејнзијанскиот консензус во економијата, а со цел да се справи со стагфлацијата од 1970-тите. Распадот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна, исто така, овозможиле неолиберализмот да надвладее во САД и ширум светот.
Терминот неолиберализам во земјите од англиско говорно подрачје се појавил на почетокот од 20 век, но со различни дефиниции за тоа што всушност означува. Терминот се повеќе се популаризирал во 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите, и го користеле научници од најразлични дисциплини од општествените науки како и од критичари ; "Friedman and Hayek are identified as the original thinkers and Thatcher and Reagan as the archetypal politicians of Western neoliberalism. Neoliberalism here has a pejorative connotation". за да ја опишат трансформацијата на општеството во последните децении поради пазарните реформи. Терминот ретко се користи од поборниците на политиката за слободен пазар. Некои научници ја отфрлаат идејата дека неолиберализмот е монолитна идеологија и сметаат дека терминот значи различно нешто за различни луѓе, затоа што неолиберализмот „мутирал“ во повеќе, геополитички различни хибриди додека се проширувал низ светот. Неолиберализмот има многу заеднички особености со други концепти со спорна дефиниција, како на пример претставничката демократија.
Откако терминот влегол во општа употреба во 1980-тите во врска со економските реформи на Аугусто Пиноче во Чиле, нему веднаш му била дадена негативна конотација и бил претежно употребуван од критичарите на пазарните реформи и лесе-фер капитализмот. Неолиберализмот најчесто се поврзува со економиската теорија застапувана од членовите на друштвото Монт Пелерин, како економистите Фридрих Хајек, Милтон Фридман, Лудвиг фон Мизес и Џејмс М. Бјукенан, и политичарите Маргарет Тачер, Роналд Реган и Алан Гринспен. Од 1994 година, по основањето на НАФТА и по реакцијата на Запатистите за негов развој во Чијапас, терминот неолиберализам почнал да се употребува ширум светот. Изучувањето на феноменот на неолиберализмот расте во последните неколку децении.
Наводи
Библиографија
Категорија:Неолиберализам Категорија:Политички теории Категорија:Политички поими Категорија:Либерализам Категорија:Економски либерализам Категорија:Класичен либерализам Категорија:Капиталистички идеологии Категорија:Економска глобализација Категорија:Конзервативен либерализам