Дарига Нурсултанќизи Назарбаева (, ; родена на 7 мај 1964 година) е казахстанска стопанственичка и политичарка. Таа била член на долниот дом Мажилис од 10 јануари 2021 до 25 февруари 2022 година, а претходно од 15 јануари 2012 до 11 септември 2015 година, од 19 септември 2004 до 20 јуни 2007 година соодветно. Таа била заменик-претседател на Мажилис од 2014 до 2015 година додека не била назначена за вицепремиер во кабинетот на Масимов. Во 2016 година, Назарбаева станала член на Сенатот на Казахстан година. Таа била претседателка на Сенатот од 2019 до 2020 година. Назарбаева е најстарата ќерка на Нурсултан Назарбаев, кој бил претседател на Казахстан од 1990 до 2019 година.
Назарбаева ја започнала својата кариера во 1994 година во медиумскиот бизнис на чело на Кабар, најголемата национална телевизиска агенција во Казахстан. Во 2003 година, таа ја основала партијата Асар, а во 2004 година за прв пат Назарбаева била избрана како член на Мажилис. Додека ја вршела оваа функцијата, во 2006 година, Асарската партија се споила со Аманатската партија, владејачката партија која била предводена од нејзиниот татко Назарбаев. По распуштањето на Мажилис во 2007 година, Назарбаева не се кандидирала за реизбор и останала надвор од политиката до нејзиното конечно враќање во 2012 година кога станала заменик-претседател и парламентарен лидер на Аманат. Во 2015 година, Назарбаева била назначена од нејзиниот татко за вицепремиер во времето на премиерот Карим Масимов, а се вратила во Парламентот во 2016 година како сенатор. По оставката на нејзиниот татко од претседателската функција во 2019 година, Назарбаева ја презела улогата на Касим-Жомарт Токајев како претседател на Сенатот, кога Токајев станал претседател на Казахстан. Во 2020 година, таа била неочекувано отстранета од функцијата од страна на Токајев непосредно пред да се врати во Мажилис уште еднаш во 2021 година.
Поради високите официјални функции и врските на Назарбаева преку нејзиниот татко, нашироко се шпекулирало дека таа потенцијално се подготвувала да го наследи претседателството по Назарбаев на непотистички начин и покрај тоа што овие тврдења биле отфрлени од самиот Назарбаев.
Ран живот и образование Назарбаева била родена во Темиртау во 1964 година. Своето средно образование го завршила во периодот од 1981–1982 година во гимназијата К. Сатпајев бр. 56 во Алмати. Од 1980 до 1983 година студирала историја на Московскиот државен универзитет. Таа дипломирала на Казашкиот државен универзитет во 1985 година, а во 1991 година ја одбранила својата теза за кандидатски степен по историски науки на Московскиот државен универзитет. Во 1998 година, Назарбаева ја одбранила својата докторска теза по политички науки на Руската академија на државната служба.
Кариера Назарбаева станала потпретседател на добротворниот фонд за деца „Бобек" основан од нејзината мајка Сара Назарбаева.
Во 1994 година, Назарбаева станала потпретседател на Републиканската телевизиска и радио корпорација на Казахстан. Во 1995 година бил создаден ТВ каналот Хабар. Организациите поврзани со Назарбаева ја откупиле радио станицата Европа плус, телевизиските компании КТК и НТК и популарниот весник Караван. За управување со новиот медиумски холдинг биле основани ТВ-медиа и Алма-медиа. Во 1998 година Кабар бил трансформиран во затворено акционерско друштво и Назарбаева станала претседател на компанијата, а во 2001 година станала претседател на Одборот на директори.
Од доцните 1990-ти, Назарбаева редовно се има појавувано на казахстанската телевизија како пејачка. Нејзиниот репертоар вклучува казахстански народни песни, руски романси, оперски арии и песни од Џо Дасин. Во 2011 година, Назарбаева го одржала рециталот „Салем, Русија“ во Москва на новата сцена во Бољшојскиот театар и Салата во Астана. Руската компанија Universal Music ги снимила нејзините концертни настапи на различни места за дводелниот филм Моја ѕвезд од 2012 година. Во 2013 година, таа одржала концерт, коорганизиран од грофот Пјер Шереметев, во Театарот на Шанзелизе во Париз, со Ламурјоскиот оркестар во режија на Димитриј Јаблонски и групата Сазген сази во режија на Багдат Тилегенов, вклучувајќи ги пијанистот Тимур Урманчејев, и уметниците Сундет Баигожин и Медет Чотабајев.
Политичка кариера
Претседател на Асар (2003–2006) Во октомври 2002 година, Назарбаева стана претседател на Одборот на доверители на блокот Избор на младите луѓе; било предложено да се создаде Конгрес на младите на Казахстан на првата конференција на блокот.
Во октомври 2003 година, Назарбаева станала лидер на Асарска републиканската партија. За неколку месеци биле собрани повеќе од 167.000 апликации од оние кои сакале да се приклучат на Асар; обработени и автентификувани биле 139.000 барања, а до Министерството за правда за регистрација биле доставени 77.000 потписи. Во декември 2003 година, партијата била официјално регистрирана.
Според резултатите од изборите за Мажилис во 2004 година, партијата освоила 541.239 (11,38%) гласови и рангирала на трето место; Назарбаева станала член на партиската листа во Мажилис, а тројца членови од Асар биле избрани во едночлени изборни единици.
На 4 јули 2006 година, се одржала вонредна партиска конвенција на која се одлучило да се спои Асарската републиканска партија со Отанската републиканска политичка партија (Аманат од декември 2006 година), а Назарбаева станала заменик-претседател на Аманат.
Пратеничка кариера
Член на Мажилис (2004–2007, 2012–2015, 2021–сега) мини|219x219пкс| Назарбаева на седницата на Мажилис, 11 ноември 2012 година Во февруари 2005 година, во Парламентот била формирала нова пратеничка група - Ајмак, составена од 36 пратеници (28 пратеници од Мажилис и 8 пратеници од Сенатот). За лидер на групата била избрана Назарбаева. Главните цели на оваа група биле промовирањето и следењето на имплементацијата на постоечките државни и индустриски програми насочени кон регионален развој, развој на претприемништвото, законодавната поддршка на административните реформи и на локалната самоуправа. Таа останала како член на Мажилис до неговото распуштање на 20 јуни 2007 година.
На парламентарните избори во Казахстан во 2012 година, Назарбаева повторно се кандидирала на партиската листа на Аманатската партија, која освоила 83 места. Таа била на чело на Комитетот за социо-културен развој во Мажилис.
На 3 април 2014 година, Назарбаева била едногласно избрана за заменик-претседател на Мажилис и парламентарен лидер на Аманат. На 11 септември 2015 година таа била назначена за вицепремиер.Kazakhstani President appoints Dariga Nazarbayeva as deputy PM, Ilaha Ahmadova in Astana for Azertac news agency, Baku 12 September 2015.
Назарбаева повторно се појавила на партиската листа на Аманат на конгресот на 25 ноември 2020 година, каде што го направила својот прв јавен настап откако била разрешена од функцијата претседател на Сенатот. Аманатската партија ја задржала својата контрола над Мажилис по парламентарните избори во 2021 година, со 76 места. По овие избори, таа станала член на Комитетот за економски реформи и регионален развој.
Член на Сенатот (2016–2020) алт=|мини|247x247пкс| Назарбаева како претседател на Сенатот На 13 септември 2016 година, Назарбаева станала член на Сенатот; таа била назначена како шеф на Комитетот за меѓународни работи, одбрана и безбедност на Сенатот на 16 септември."Kazakh president's daughter appointed head Of Senate committee", Radio Free Europe/Radio Liberty, 16 September 2016.
Претседателката на Сенатот Истиот ден кога нејзиниот татко се повлекол од функцијата претседател на Казахстан, Назарбаева била назначена за претседател на Сенатот по едногласно тајно гласање на 20 март 2019 година. Таа во оваа улога го наследила Касим-Жомарт Токаев, кој стана в.д. претседател на државата. Според Њујорк Тајмс, ова може да се земе како сигнал дека Назарбаева се подготвува да стане претседателка. Се појавиле неколку шпекулации дека Назарбаева ја подготвувала својата претседателска кандидатура за време на претседателските избори во 2019 година, но нејзин близок соработник на 9 април 2019 година открил дека тврдењата се лажни.
На 2 мај 2020 година, таа била отстранета од Сенатот од страна на Токајев. Се појавиле многу теории дека Токајев или го проширува своето политичко влијание, или станува збор за растечки тензии меѓу владејачката елита во Казахстан. Според некои, причините за ова биле јавните скандали во кои бил вклучен нејзиниот син Ајсултан, како и британскиот судски спор кој го уништил угледот на Назарбаева и на нејзиниот татко.
Награди и одликувања
70x70пкс Орден на леопардот, 1 класа (2 декември 2021) 70x70пкс Орден на леопардот, 2 класа (декември 2013) 70x70пкс Орден на Парасат (декември 2004) 70x70пкс Астански медал (17 август 1998) 70x70пкс Медал „10 години независност на Република Казахстан“ (2001) 70x70пкс Медал „10 години од Парламентот на Република Казахстан“ (7 новември 2005) 70x70пкс Медал „10 години на Астана“ (6 мај 2008) 70x70пкс Медал „20 години независност на Република Казахстан“ (2011) 70x70пкс Медал „20 години на Тенге“ (септември 2013) 70x70пкс Медал „20 години од Уставот на Република Казахстан“ (5 август 2015) 70x70пкс Медал на Нур Отан (3 May 2013) 70x70пкс Медал на Уставниот совет на Република Казахстан (30 август 2013) 70x70пкс Медал „20-годишнина на Собранието на народот на Казахстан“ (14 март 2015) 70x70пкс Медал „25 години независност на Република Казахстан“ (2016) 70x70пкс Медал „20 години на Астана“ (30 јуни 2018) : 70x70пкс Орден на Комонвелтот (2017) 70x70пкс Сребрен медал на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, 20 години (27 март 2012 година) 70x70пкс Медал на Интерпарламентарното собрание на Заедницата на независни држави, 25 години (27 март 2017 година) : 70x70пкс Кавалерски Орден на уметноста и литераутата (април 2009)
Личен живот
Семејство мини|219x219пкс| Поранешниот сопруг на Назарбаjева, Рахат Алиjев во 2007 година Назарбаjева била во долг брак со казахстанскиот стопанственик и политичар Рахат Алиев, до нивниот развод во јуни 2007 година. Алиjев имал високи позиции во националната разузнавачка агенција и Министерството за надворешни работи на Казахстан, а подоцна и како амбасадор во Австрија. Во 2004 година, една жена за која се тврдело дека била љубовница на Алиев била пронајдена мртва, падната од висока станбена зграда во Бејрут. Титулите на Алиев му биле одземени во 2007 година, откако го критикувал претседателот Назарбаев тврдејќи дека го променил уставот на нацијата за може да биде доживотен претседател. Алиев тврдел дека неговиот развод бил извршен без негова согласност и дека бил принуден од Назарбаев.
Алиев бил осуден во отсуство за разни злосторства во Казахстан. Австрија одбила да го екстрадира, но се подготвувала да му суди за киднапирање и убиство на двајца службеници од казахстанска банка. Пред судењето, тој бил пронајден мртов во неговата австриска затворска ќелија поради наводно самоубиство.
Назарбаева ималa два сина со Алиев, Нурали и Ајсултан, и ќерка Венера. Таа е баба на Лаура Алиева, ќерка на Нурали родена во 2013 година.У старшего сына Дариги Назарбаевой Нурали родилась дочь Лаура epraha
На 23 јануари 2020 година, синот на Назарбаева, Ајсултан, даде јавна изјава на својата Фејсбук страница, тврдејќи дека неговиот дедо Назарбаев наводно му бил татко и дека неговата мајка Назарбаева се обидувала да го убие додека живеел во Лондон. Следниот ден, на 24 јануари, дописничка на РСЕ се обидела да добие одговор од Назарбаева во врска со тврдењата на нејзиниот син додека поминувала во ходникот на зградата на Парламентот, каде што еден од обезбедувачите на Назарбаева ја грабнал репортерката за раката и ѝ ја покрил устата. На 16 август 2020 година, Ајсултан бил пронајден мртов во Лондон, а причината за неговата смрт е наводно поради срцев удар. Како одговор на инцидентот, Назарбаева изјавила дека „моето семејство тагува поради загубата на нашиот сакан Ајсултан и бараме приватност во овој многу тежок момент“.
Други активности