Space Exploration Technologies Corporation, попозната како SpaceX (се чита: Спејс екс) — американска вселенска компанија со седиште во Хоторн, Калифорнија. Компанијата е основана и финансирана од јужноафриканскиот милионер и претприемач Илон Маск — еден од соосновачите на платежниот систем „Пејпал“ и извршен директор на „Тесла“. Компанијата развива носечки ракети, ракетни мотори, вселенски летала и други вселенски системи. SpaceX е избрана од НАСА за нејзината програма за комерцијални логистички услуги на Меѓународната вселенска станица. На 8 април 2016 г., SpaceX го извршила првото успешно слетување на првата носечка ракета Фалкон-9 на морската платформа ASDS (Autonomous spaceport drone ship).
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Компании во Калифорнија Категорија:Воздухопловство Категорија:SpaceX __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__