Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот и најголемиот град на австралиската сојузна држава Викторија и воедно вториот по големина град во Австралија, веднаш зад Сиднеј.

Мелбурн има население од околу 3,80 милиони жители а околината брои дополнителни 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност и висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за „најдобар град за живење во светот“. Мелбурн е дом на повеќе од 70% од Викторијанците.

Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.

Историја Градот е основан во 1834 година од страна на Џон Бетмен и Џон Паско Фокнер.

Спорт Во 1956 година, Мелбурн бил домаќин на Олимписките игри. Исто така, градот е познат и по одржувањето на тенискиот турнир, официјално познат како „Отворено првенство на Австралија“ (Australian Open). Најпосле, во Мелбурн редовно се одржува и трка во рамките на првенството во „Формула 1“.

Мелбурн како тема во уметноста и во популарната култура „Мелбурн“ – ирански филм од 2014 година, во режија на Нима Џавиди.Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017

Наводи

Категорија:Градови во Викторија Категорија:Градови во Австралија Категорија:Австралиски главни градови Категорија:Населени места основани во 1835 година