мини|Современ приказ на лепрекон, кој се развил и здобил со популарност во XX век. Лепрекон (ирски: leipreachán) — митско суштество од ирскиот фолклор. Обично е човече во зелена облека со долга црвена брада. Според некои, лепреконите се кријат под детелина со четири листа, која ги прави тешко да се најдат. Според народните преданија, ако видите лепрекон, тој ќе побегне. Ако го изгубите од вид само за миг, ќе исчезне засекогаш.Yeats, William Butler (1888), „The Legend of Knockgrafton“, Fairy and Folk Tales of the Irish Peasantry, London: W. Scott, p. 80. Но ако го догоните и фатите, лепреконот ќе ви даде невидено богатство. Некогаш се вели дека на крајот од виножитото има златници што можат да ви се дадат доколку ги фатите човечињата. Во денешно време, лепреконите се поврзуваат со Денот на Свети Патрик. Некои лепрекони се познати по тоа што прават чевли за други волшебни суштества (виленици, самовили итн.). Во ирската митологија, лепреконот е џуџест чевлар.Winberry, John J. (1976). „The Elusive Elf: Some Thoughts on the Nature and Origin of the Irish Leprechaun“. Folklore, 87 (1), p. 63. Ги прави чевлите на самовилите, а ударите на чевларскиот чекан го издаваат неговото присуство.Александра Филиповска, Митски суштества, Топер, Скопје, 2013.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Митологија Категорија:Митски суштества Категорија:Лепрекон Категорија:Традиција Категорија:Ирска митологија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__