Тонтон Макут (хаитски: Tonton Makout) само Макут ― тајна полиција и лична милиција на хаитскиот диктатор Франсоа „Папа Док“ Дувалие, организирани во форма на паравоени единици кои го поддржувале неговиот режим. Макут биле основани во 1959 година по неуспешниот државен удар против Дувалие постариот. Во 1970 година, милицијата била преименувана во Волонтери за национална безбедност ( VSN). Хаиќаните оваа единица ја крстиле по лик од хаитската митологија, кој ги киднапира и казнува непослушните деца така што ги става во вреќа () пред да ги изеде за појадок.

Историја По обидот за државен удар на Хаити (јули 1958 година) против претседателот Франсоа Дувалие, тој направил чистка во армијата и во организациите задолжени за спроведување на законот на Хаити и егзекутирал многу офицери бидејќи ги сметал за закана за неговиот режим. За да се спротивстави заканата, тој создал паравојска. Во 1959 година, била наречена („Мажи со качулка“). Потоа биле преименувани во (Цивилна милиција), а од 1962 година, ( Волонтери за националната безбедност, или VSN). Откако без очигледна причина почнале да исчезнуваат луѓе, народот на Хаити почнал да ги нарекува Тонтон Макут.

Дувалие, за да ја потисне политичката опозиција, го овластил Тонтон Макут да врши систематско насилство и кршење на човековите права. Тонтон Макут убиле од 30.000 до 60.000 Хаиќани.

Во текот на 1960-тите и почетокот на 1970-тите на чело на Тонтон Макут бил Лакнер Камброн. Поради неговата суровост го добил прекарот „Вампир од Карибите“. Прекарот делумно се должи на тоа што преку неговата компанија „Хемокарибиан“ изнудувал крвна плазма од месното население наменета за продажба (5 тони месечно) во американски лаборатории. Тој на медицинските факултети во САД продавал трупови кои претходно ги купувал од болниците во Хаити за 3 долари по труп. Ако во болниците немало доволно трупови, биле користени погребалните домови. Во 1971 година, претседателот Дувалие починал а неговата сопруга и неговиот син Жан-Клод „Бејби Док“ Дивалие наредиле Камброн да се протера од државата. Камброн се преселил во Мајами, каде што живеел до неговата смрт во 2006 година.

Членовите од Тонтон Макут биле насекаде на гласачките места на претседателскиот референдум во 1961 година, на кој Дувалие добил нов мандат. По официјалното пребројување на гласовите бил избран за претседател со резултат 1 320 748 наспроти 0 за противникот. Тие повторно биле присутни на гласачките места во 1964 година, кога Дувалие одржал уставен референдум со кој бил прогласен за доживотен претседател. 

Поврзано

Милиција Паравојска Полициска држава Тајна полиција Црни кошули

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тајна полиција Категорија:Паравоени организации